Честит 89-ти роденден, проф. д-р Васил Граматниковски, и воедно честит именден! Професорот Граматниковски е најстариот географ во Република Македонија.
На своето годишно Собрание одржано на 17 декември 2022 година, Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски” му додели Златна плакета за придонес во развојот на географијата.