Претседателот на нашето здружение, проф. д-р Аце Миленковски, ја доби наградата Маж со трајни вредности на официјалниот избор на манифестацијата „Мажи на годината“ за 2022 година, во организација на ТВ магазинот „Џентлмен магазин“. На гала-вечерта за доделување на наградите, која се одржа вчеравечер во „DoubleTree by Hilton Skopje“, во присуство на голем број јавни личности од бизнис-заедницата, политичари, дипломати, награди добија тринаесетте најуспешни мажи во Македонија за 2022 година.

На официјалното врачување на оваа награда доделена од стручното жири на манифестацијата, Миленковски изјави дека му преставува огромна чест и задоволство да добие токму вакво признание во својот живот, особено што трајните вредности се тие врз кои се заснова неговиот личен и професионален успех.
На петтиот јубилеен избор беа наградени тринаесет мажи што оставиле белег во нашето општество преку своите достигнувања во 2022 година. Изборот го изврши жири-комисија сочинета од членови од различни институции, докажани новинари, претставници од бизнис-секторот, режисери, стилисти. Оваа манифестација се одржува секоја година во ноември, месецот посветен на машкото здравје.

DEK05708