ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИ, ПОФАЛНИЦИ И НАГРАДИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
Врз основа на добиената акредитација за организирање на натпревари по географија за основно образование и согласно критериумите предвидени со Правилникот и Пропозициите за организирање и реализирање на натпревари по географија, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје во соработка со УТМС Институтот за национална географија, успешно ги реализираше натпреварите на општинско, регионално и државно ниво.
На 09.06.2022 година, со почеток во 13:00 во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје беа доделени дипломи, пофалници и признанија на сите ученици, ментори и Основни Училишта, учесници на државниот натпревар по географија. Покрај дипломите, за учениците и менторите кои ги освоија првите три места беа обезбедени и соодветни награди.
Наградени од 6 одделение:
За освоено прво место ученикот Петар Рамов и менторот Камелија Колева од ООУ „Тошо Велков -Пепето“ од Кавадарци, беа наградени со по еден лап топ.
Ученикот Валентино Атанасоски и менторот Марина Гроздановска од ООУ„Кочо Рацин“ од Општина Центар - Скопје, за освоено второ место беа наградени со мобилен телефон.
За освоено трето место ученикот Јована Струмениковска и менторот Љупчо Велковски од ООУ „Кузман Шапкарев” од Општина Кисела Вода - Скопје, покрај диплома, пофалница за учество беа наградени со таблет.
Наградени од 7 одделение:
За освоено прво место ученикот Дамјан Милески и менторот Сунчица Милошевска Стојановиќ од ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ од Општина Ѓорче Петров - Скопје, беа наградени со по еден лап топ.
Ученикот Дамјан Николоски и менторот Хилда Георгиевска од ООУ „Христо Узунов“ - Охрид, за освоено второ место беа наградени со мобилен телефон.
За освоено трето место ученикот Матеја Бардакоска и менторот Зоран Николов од ООУ „Св. Климент Охридски“ - Прилеп, покрај диплома, пофалница за учество беа наградени со таблет.
Наградени од 8 одделение:
За освоено прво место ученикот Матеј Илиевски и менторот Славица Николиќ од ООУ „Koчо Рацин“ - Куманово, беа наградени со по еден лап топ.
Ученикот Тодор Чакаловски и менторот Кире Николоски од ООУ „Јоаким Крчовски“ - од Општина Ѓорче Петров - Скопје, за освоено второ место беа наградени со мобилен телефон.
За освоено трето место ученикот Борјан Диневски и менторот Виолета Каркинска од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ од Општина Аеродром - Скопје, покрај диплома, пофалница за учество беа наградени со таблет.
Наградени од 9 одделение:
За освоено прво место ученикот Богдан Симоновскии менторот Дејан Младеновски од ООУ „Христијан Карпош“ - Куманово, беа наградени со по еден лап топ.
Ученикот Бојан Маневски и менторот Валентина Ефремовска од ООУ „Кочо Рацин“- Кратово, за освоено второ место беа наградени со мобилен телефон.
За освоено трето место ученикот Андреј Бошескии менторот Рената Костовскаод ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп, покрај диплома, пофалница за учество беа наградени со таблет.
На учениците кои освоиле над 85 бода на државниот натпревар им беа доделени Пофалници за учество и вредни книга како награда за постигнати високи резултати.
На сите Основни Училишта им беа доделени Благодарници за учество, додека Признанија за посебен придонес во успешно организирање на натпреварите добија повеќе членови и регионални координатори на здружението.
Дипломите и наградите беа доделени од страна на претседателот на здружението, проф. д-р Аце Миленковски.
Настанот беше спонзориран преку Фондот „Проф.д-р Љубе Миленковски“ кој во рамките на своите општествено одговорни активности, многу пати се јавува во улога на покровител на настани од ваков тип.
Од стручен аспект, а во функција на унапредување на компетенциите на образовниот кадар од сите структури на воспитно-образовните институции во Република Северна Македонија и унапредување на наставата по географија на сите нивоа, како и до сега, така и овој пат натпреварите беа поддржани од УТМС Институтот за национална географија.
Општ впечаток е дека натпреварите по географија кои по втор пат беа организирани од страна на нашето здружение ги постигнаа поставените цели и ги надминина сите предизвици во учебната годината којашто измина.
Остануваме посветени на нашиот пат, силно уверени дека ќе успееме и понатаму да го подобриме квалитетот на натпреварите по географија на сите нивоа на натпреварување.
До следното видување, на сите учесници на натпреварите им посакуваме добро здравје и успех на сите полиња.
Здружението на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје