Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје врз основа на Договорот за соработка, а во интерес на меѓусебна почит и поддршка на програмските активности и оваа година партиципираше во реализирање на 62-те натпревари КМТП организирани од страна на СЗТК Народна Техника Скопје.
Својот придонес нашето Здружение го даде преку делегирање на членови на Оценувачки комисии за Применета географија, Метеорологија и Астрономија, кои традиционално се реализираат во месец Април секоја година.