Почитувани колеги, Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“– Скопје, оваа учебна година ќе организира натпревари по географија и за учениците од 7 и 9 одделение.

 

Согласно календарот, циклусот на натпревари се состои од:
Општински натправари: 16.04.2022 година со почеток во 11:00 часот
Регионални натпревари: 14.05.2022 година со почеток во 11:00 часот
Државен натпревар: 04.06.2022 година со почеток во 11:00 часот

Теми за подготовка на општинските натпревари:
- VII одделение: Природно-географски карактеристики на Република Северна Македонија – Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 7 одд.
- IX одделение: Азија - Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 9 одд.

Теми за подготовка на регионалните натпревари:
- VII одделение: Природно-географски карактеристики на Република Северна Македонија и Население и населби во Република Северна Македонија - Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 7 одд.
- IX одделение: Азија, Африка и Америка - Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 9 одд.

Теми за подготовка на државен натпревар:
- VII одделение: Природно-географски карактеристики, Население и населби, Економско-географски карактеристики и Заштита на животна средина на Република Северна Македонија - Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 7 одд.
- IX одделение: Азија, Африка и Америка Австралија и Поларни области - Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 9 одд.
На натпреварите можат да учествуваат сите ученици од VII и IX одделение од основните училишта во државата, пријавени преку своите ментори.
Тестовите за учесниците ќе бидат на јазикот на кој се изведува наставата во училиштето.
На општинските натпревари, едно Основно училиште може да учествува со најмногу 3 (три) ученици од секое одделение, односно најмногу 3 (три) ученици од VII и 3 (три) ученици од IX одделение.
Пријавувањето на учениците се врши со пополнување на образец во електронската форма достапна на официјалната страна на Здружението https://www.geograf.mk најдоцна до 10.04.2022 година.
За пријавување и учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид на чланарина од страна на учениците или менторите.

Во прилог се ПРОПОЗИЦИИТЕ за начинот и критериумите за организирање и изведување на натпревари по географија во основното образование за 2022 година.

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Проф. д-р Аце Миленковски