Почитувани,
Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“– Скопје, на 04.06. 2021 година (петок) ќе ги додели дипомите, пофалниците и наградите за ученици, ментори и Училишта од Државниот наторевар по географија за 2020/2021 година.
Доделувањето ќе се изврши во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје со почеток во 11:00.
За освоено прво место ученикот и менторот добиваат диплома, пофалница и лап топ.
За освоено второ место наградата е диплома, пофалница и по еден мобилен телефон, додека за освоено трето место покрај предвидените диплома и пофалница, ученикот и менторот добиваат по еден таблет.
Сите останати учесници добиваат пофалница за учество на Државниот натпревар, како и сите Училишта кои учествувале на натпреварот.
- Details
- Hits: 1258
