Почитувани ученици и колеги,
Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2020/2021 година, ќе се одржи на 29.05.2021 година, во 11:00 часот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Натпреварот ќе се реализира со физичко присуство и во согласност со добиените препораки од надлежните институции и Протоколот за организирање и изведување на натпревари.
Напоменуваме дека учениците треба да бидат присутни во 10:30 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите.
Во прилог ви доставуваме Протокол и Програма за активностите на 29.05.2021 година
Ви посакуваме добро здравје и успех во натпреварувањето!
- Details
- Hits: 1587