Почитувани ученици и колеги,
Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2020/2021 година, ќе се одржи на 29.05.2021 година, во 11:00 часот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Натпреварот ќе се реализира со физичко присуство и во согласност со добиените препораки од надлежните институции.
Промената на терминот е поради следење на Мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19 како и совпаѓањето на терминот со други натпревари.
За пријавување и учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид на членарина од страна на учениците или менторите.
Ви посакуваме добро здравје и успех во натпреварувањето!