Почитувани ученици и колеги,
Ве известуваме дека општинските натправари по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2020/2021 година, кои ќе се одржат на 13.03.2021 година, наместо во 11:00 часот ќе започнат во 14:00 часот.
Промената на терминот е поради совпаѓање со регионалните натпревари по математика, како и на барањето на повеќе наставници и родители.
Пријавувањето на учениците се врши со пополнување на образец во електронската форма, достапна на официјалната страна на Здружението https://www.geograf.mk., најдоцна до 08.03.2021 година.
https://www.geograf.mk/prijava-za-natprevar
За пријавување и учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид на членарина од страна на учениците или менторите.