1220 – Роден е Александар Невски, голем кнез на Новгород и руски светец.
1498 - Кристофер Колумбо, шпански морепловец со Италијанско потекло, со шест бродови испловил од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во новиот свет, при што ги открил Тринидад и брегот на Јужна Америка.
1527 – Основан е Универзитетот Во Марбуг, Германија.
1539 – Шпанскиот истражувач Хернандо де Сото ја открива Флорида.
1854 – Оформени се териториите на Канзас и Небраска.
1896 – Првата сообраќајна несреќа. Хенри Велс удира велосипедист во Њујорк.
1969 - Гибралтар добва статус на британски доминион со внатрешна самоуправа.
1934 - Роден е Алексеј Леонов, советски космонаут.