ИНФОРМАЦИJA ЗА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА
Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2024/2025 година, ќе се одржи на 10.05.2025 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Универзитетот Скопје.
Учесниците треба да бидат присутни во 09:30 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите.
Напоменуваме дека зад веродостојност на податоците на учениците стои менторот и секое отстапување од пропишаното ќе биде соодветно санкционирано.
На државниот натпревар менторите ќе бидат ангажирани во прегледување на тестовите во интерес на времето на објавување на резултатите од натпреварувањето.
П Р О Г Р А М А
09:30 Отварање на натпреварот
09:35 - 09:55 Спроведување на учесниците на натпреварот до просториите за тестирање
10:00 - 11:00 Натпреварувачки дел
11:00 - 11:30 Пригоден коктел и меѓусебно дружење
Објавување на неофицијална ранг листа во попладневните часови
Ви посакуваме добро здравје и успех на државниот натпревар!
ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје
ОФИЦИЈАЛНИ РАНГ ЛИСТИ ОД РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО ГЕОГРАФИЈА 2025
На 05.04.2025 година (сабота) се одржаа регионалните натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.
На натпревари учествуваа 463 ученика од VII, VIII и IX одделение распоредени во 21 регион. Тие, своите географски знаења ги покажаа преку тестирање, согласно наставните програми по географија.
НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОРГАФИЈА
НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОРГАФИЈА
Клуч за седмо одделение - македонски јазик
Клуч за осмо одделение - македонски јазик
Клуч за деветто одделение - македонски јазик
Клуч за седмо одделение - албански јазик
Клуч за осмо одделение - албански јазик
Клуч за деветто одделение - албански јазик
Клуч за деветто одделение - турски јазик
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОМЕСТУВАЊЕ НА СААТНИЦАТА НА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО ГЕОГРАФИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
Почитувани ученици и наставници,
Ве известуваме дека регионалните натправари по географија за учениците од 7, 8 и 9 одделение за основно образование, ќе се одржат на 05.04.2025 година (сабота), со почеток во 14:30 часот.
Поместувањето е поради совпаѓање на терминот со натпреварот по физика.
Со почит,
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје