ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОДДРЖУВАЊЕ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – СКОПЈЕ
Почитувани колеги,
Ве покануваме да учествувате на 11-тата Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, која ќе се одржи во просториите на Универзитетот туризам и менаџмент во Скопје, на 21.12.2024 година (сабота), со почеток во 12:00 часот.
По повод 10 години од своето постоење, за учесниците на Собранието предвиден е еднодневен семинар за стручно усовршување и профсионален развој со доделување на соодветни сертификати.
Патните трошоци за учество на Собранието се на товар на Здружението и обезбедени преку фондот проф. д-р Љубе Миленковски.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на службениот мeил на здружението Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку регионалните координатори.
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Проф. д-р Аце Миленковски
ГЕОГРАФИЈАТА МОРА И ЌЕ БИДЕ НАЦИОНАЛЕН ПРЕДМЕТ
На 4.12.2024 година, претставници на највиското раководство на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, оствари средба со Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.
ПОД МОТОТО „ПАТУВАМЕ И СЕ УСОВРШУВАМЕ’’, ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – СКОПЈЕ, СО ПОСЕТА НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ГО ЗАПОЧНА ВТОРИОТ ЦИКЛУС НА ТЕРЕНСКИ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЕКСКУРЗИИ
Во согласност со своите програмски определби, а со поддршка од УТМС Институтот за национална географија, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје, по 7-ми пат реализира теренски практикум за своите членови.
5 јули, роденден на нашиот патрон, проф. д-р Љубе Миленковски
На денешен ден во 1937 година во село Сопот, Свети Николе е роден проф.д-р Љубе Миленковски.
Професорот Миленковски остави длабока трага во македонското учебникарство, а особено во наставата по географија.
Тој го обележа патот по кој треба да чекори наставната практика. Неговиот визионерски дух денес служи како патоказ за сите нас неговите колеги и соработници да продолжиме и да го надоградуваме тој патоказ за подобар просперитет на наставата по географија.